Volim Водно патеки Скопје

февруари 29, 20200

Водно патеки Скопје милениумскиот крст на Водно е одлична дестинација доколку сте љубители на чист воздух, прошетка, топол чај и планинарење.  Станува збор за планина, висока 1.066 метри, која е буквално споена со градот. Од центарот на Скопје до почетокот на планинарската патека, која се наоѓа стотина метри над училиштето „Кочо Рацин“, пеш се стигнува за 20-ина минути. За искачување до врвот  Крстовар се потребни од 2-4 часа, во зависност од брзината и бројот на паузите. Водно патеки Скопје Целата патека минува низ густа шума, во која доминираат борот и дивиот костен.

Водно патеки Скопје ако веќе се одлучите за ваква авантура, не се откажувајте додека не стигнете на врвот. Таму има планинарски дом, во кој може да се напиете топол чај, и секако одблизу да го видите грандиозниот Милениумски крст, висок 66 метри. Има опција и за мрзеливите. Водно патеки Скопје со автомобил до Средно Водно, а оттаму до Милениумскиот крст има жичница, која за 10-ина минути ќе Ве одведе до една од највисоките градби во земјата. Крстот беше поставен во 2002 година во чест на новиот милениум и 2000 години христијанство во Македонија. Водно патеки Скопје Милениумскиот крст ноќе свети и се гледа речиси од сите точки во градот. Конструкцијата на крстот започнала во 2002 и била финансирана од Македонската Православна Црква, македонската Влада и донатори од Македонија и Македонци од целиот свет.

Водно патеки Скопје милениумскиот крст е изграден на највисоката точка на планината Водно на место познато како „Крстовар“, што значи Место на крстот, бидејќи таму во минатото се наоѓал помал крст. Водно патеки Скопје на 8 септември 2008, денот на независност на Република Македонија, во внатрешноста на крстот бил вграден лифт. Кога сме кај жичарата таа се движи од 6 метри во секунда и целата дол.жина ја совладува за околу 4 минути. Патниците можат да се распоредат во 28 кабини за по 8 патници и 2 кабини за 4 патника.Капацитетот на жичницата е 1160 патници на час.

КОНТАКТ

VOLIM
Мобилен & вибер: +389 76 637 833
Е-поста: info@volim.com.mk
Инстаграм: volim_mk
Фацебоок: VolimMakedonija
АРОМАТИЗИРАНО ОВОШНО БИНО VOLİM 14.4 SHOT

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *