Volim Градот Битола

март 3, 20200

Градот Битола претставува најкултурен, економски, индустриски развиен град во Република Македонија.Опколен со секаков вид на убавина, погоден за сечиј вкус.Посебно место завзема планината Пелистер која се наоѓа веднаш над градот Битола.Познато е дека Битола е најопеан град, а битолчани се горди на овој епитет. Битола била инспирација за многумина, за неа испеани се многу песни, некои со антологиски вредности. Меѓу нив, покрај познатата „Битола мој роден крај“ на авторот Ајри Демировски, секако се вбројува и народната песна „Битола, бабам, Битола“.Кога и како настанала оваа песна, нема многу податоци, но професорот Филип Каваев, во книгата „Битола, бабам, Битола“, собрал народни песни во кои се споменува Битола, а има и речник на стари, туѓи, непознати и малку познати зборови и изрази, наведува дека буквален превод на зборот бабам е татко мој, но преносното знчење е нешто супериорно, извонредно, со најубави одлики и осбини, единствено, недостижно.

Карактеристично за градот Битола е што во неа,во една касарна се школувал кадетот Мустафа Кемал Ататурк – таткото на модерна Турција. Единствената неодгатната приказна за оваа Саат Кула е приказната за 60.000 те илјади јајца кои турската власт ги собрала од населението за да бидат искористени за нејзината изградба, за да биде поцврста и поотпорна.Звукот на ѕвоната, музиката, се разлева низ просторот, низ малиот парк исполнет со убавина.

Новите љубови, новите симпатии се плетат во нејзиното подножје затоа што само таа знае како се чуваат тајни.Според старите преданија денешната Саат кула е изградена во истиот период кога во нејзина непосредна близина се градел и православниот храм Св. Димитрија, иако постоењето на саат кула во Битола се споменува уште од XVII век.Изградена е од масивни камени блокови. Главниот и најдекоративниот дел од Саат Кулата го сочинува делот каде се поставени бројчаниците, и тоа од сите четири страни по еден. Битола затоа важи за град со огромен број знаменитости кои го прават најдобар град во Македонија.

КОНТАКТ

VOLIM 
Мобилен & вибер: +389 76 637 833
Е-поста: info@volim.com.mk
Инстаграм: volim_mk
Фацебоок: VolimMakedonija
АРОМАТИЗИРАНО ОВОШНО БИНО VOLİM 14.4 SHOT

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *