Volim Климент Охридски

април 3, 20200

Климент Охридски во Македонија,многу писатели и основачи на книжевни школи се познати,така што секое поколение треба да знае за нив.Климент Охридски е основоположник на словенската писменост во Македонија и основач на првата книжевна школа во Охрид која подоцна прераснува во прв Универзитет на Балканот. Тој во неа развива богата просветителска и книжевна дејност.Негови учители биле Кирил и Методиј а тој бил нивни најдобар учител.Тој најчесто живеел во градот Охрид каде што се смета и дека таму е неговото место на раѓање. Според Житието,Климент Охридски се стекнува со голема популарност и слава.Тој бил одличен педагог и организатор на просветителската работа.

 

Климент Охридски за седум години додека управувал со школата,во неа поминале околу 3500 ученици,бројка која е на завидно ниво и за денешни услови.Напишал околу педесетина дела,од кои со сигурност се знае дека една третина се негови,бидејќи се потпишал а преостанатите му се препишуваат нему според стилот на кој се напишани.Климент Охридски бил исто така и првиот оргинален писател во словенската литература.Едно од најзначајните дела кое произлегува од Охридската книжевна школа е делото”О писменех” од Црноризец Храбар.Последните години од неговиот живот ги поминува во манастирот “Св.Пантелејмон”,што самиот го изградил.Умира во 916 година и во истиот манастир бил погребан.

 

Климент Охридски исто така тој е и автор на делото”Пофалното слово за Кирил” кое претставува химна на словенската писменост,ода или пофална песна за нејзиниот творец Кирил – филозоф.

“Похвалата” е најпоетичната творба која е во старословенската литература.Со создавањето на “Похвалата”, Климент Охридски имал повеќекратна цел.Тој сакал да го пркаже Кирил како спасител на Словените,затоа што им го дал писмото, и исто така да ја искаже благодарноста кон личноста и делото на Кирил.Ова дело изобилува со богатство од стилски изразни средства како што се: компарација, метафора, симбол , сложен епитет и друго , поради што е прогласено за најпоетична творба во словенската литература.Климент Охридски се смета за родоначалник на средновековната македонска книжевност.

КОНТАКТ

VOLIM
Мобилен & вибер: +389 76 637 833
Е-поста: info@volim.com.mk
Инстаграм: volim_mk
Фацебоок: VolimMakedonija
АРОМАТИЗИРАНО ОВОШНО БИНО VOLİM 14.4 SHOT

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *