Volim Охридско езеро

февруари 29, 20200

Охридското езеро е најголемото богатство во Република Македонија. Воедно е и најдобра туристичка дестинација во Македонија.Охридското езеро може да се каже дека е едно од најстарите езера воопшто во светот.Тоа е старо околу 3 до 5 милиони години. Многу години наназад Охридското езеро е најпосетено од страна на туристите кои со задоволство доаѓаат секоја година да го посетат и се воодушевуваат од неговата убавина. Охридското езеро е богато како со растителен така и со животински свет. Се смета за едно од повеќето езера коа се прихрануваат со изворска вода која ја добива од многуте бројни подземни и подземни извори Охридско езеро.

Охридското езеро се смета за езеро со најголема длабочина околу 155м што исто така се вреднува како најдлабоко езеро во Европа. Токму поради овие причини Охридското езеро е скоро секогаш со студена вода,бидејќи поради неговата длабочина сончевите зраци неможат да допрат до дното, па таму е секогаш мрак. Исто така , во повеќето периоди од годината езерото е доста брановито поради силните ветрови. Езерото е опкружено со многубројни пештери и исто така по неговите брегови се наоѓаат околу стотина плажи.

Најголем дел од неговите површински извори се наоѓаат кај познатиот манастир Св.Наум , а воблизина на градот се наоѓа најпознатиот извор – Студенчишта , познат како Биљанини Извори. Интересно за посетителите е исто така што тие може да уживаат во вкусот на познатата охридска пастрмка – ендемска риба што живее во водите на Охридското езеро. Карактеристично е тоа што по телото има наизменично распоредени црвени округли и сиви ѕвездести пеги. Како еден од заштитните знаци на Македонија, таа се наоѓа и на македонските монети. Во Охридско Езеро живеат повеќе од 200 видови ендемски организми, а некои од нив се неизменети. Тоа се четирите вида сунѓери. Најпознат од нив е трклезениот сунѓер , различни видови на полжави како и различни видови на алги.

КОНТАКТ

VOLIM
Мобилен & вибер: +389 76 637 833
Е-поста: info@volim.com.mk
Инстаграм: volim_mk
Фацебоок: VolimMakedonija
АРОМАТИЗИРАНО ОВОШНО БИНО VOLİM 14.4 SHOT

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *