Volim ПРИРОДНИ БОГАТСТВА НА ШАР ПЛАНИНА

февруари 29, 20200

Република Македонија располага со голем број на планини,ридови,реки и езера.Посебно место завзема планината – Шар Планина. Убавините и природните богатства на Шар Планина неможат да се опишат доколку не се видат и посетат. Територијата на Шар Планина изобилува со природни богатства од најразличен вид: геолошки и геоморфолошки форми, глацијални езера и планински водотеци и огромна биолошка разновидност претставена преку разновидните станишта (шуми, пасишта, тресетишта итн.), видов диверзитет со присуство на голем број ендемични, ретки и реликтни растенија, животни и габи, како и значајни сорти и раси културни растенија и животни.

Покрај тоа, значајно е и културното наследство изразено преку карактеристичниот предел формиран со милениуми како резултат на традиционалното сточарство и искористување на шумите. Во највисоките делови на Шар Планина основната морфопластика врз која се изградени сите егзогени релјефни форми ја сочинуваат полигенетските површи. Тоа се најстарите релјефни форми на Шар Планина претставена во вид на брановидни зарамнини.

 

Шар Планина се одликува со голем број врвови што се издигнуваат над 2.000 m надморска височина, а значителен е и бројот на оние што се со над 2.500 m височина.  Како најзначајни (доминантни) врвови на Шар Планина, одејќи од североисток кон југозапад, се истакнуваат: Љуботен (2.499 m), Езерски Врв (2.586 m), Црн Врв (2.585 m), Кобилица (2.528 m) (Сл. 2), Караниколица (2.409 m), Турчин (2.748 m), Челепински Врв (2.554 m), Рудока (2.629 m), Бристовец (2.675 m), Голема Враца (2.582 m) и други. Од сите нив посебно внимание заслужуваат: Љуботен (2.499 m), Турчин (2.748 m) и Голема Враца (2.582 m). На Шар Планина се среќаваат голем број ендемични и реликтни видови васкуларни растенија. Постои и голем број видови растенија што го добиле името според Шар Планина. Оваа планина е особено важна и примамлива особено за љубителите на планински и чист воздух, богато зеленило, одмор , пешачење , планинарење , истражување и слично.

КОНТАКТ

VOLIM
Мобилен & вибер: +389 76 637 833
Е-поста: info@volim.com.mk
Инстаграм: volim_mk
Фацебоок: VolimMakedonija
АРОМАТИЗИРАНО ОВОШНО БИНО VOLİM 14.4 SHOT

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *