Volim Скопје – Град на културата

февруари 29, 20200

Скопје е главен град а воедно и најголем град во Република Македонија. За Скопје, може да се пишува многу, особено најголем дел за неговите историски податоци, а исто така и денес како најразвиен град со културни и историски знаменитости. Градот Скопје во текот на својата историја бил нарекуван со најразлични имиња , а античкото име му било Скупи. Главниот град Скопје за прв пат бил разурнат во катастрофалниот и најголем земјотрес кој се памти во Македонија на 28 Април , 518 година. По земјотресот Скупи останува во минатото и добива ново име – Јустинијана Прима.

Скопје има огромен број на туристички места кои се од голема важност и интересни за посетување. Некои од нив се : Старата Скопска чаршија, камениот мост, тврдината кале, феудалната кула, старата железничка станица, музеј на македонската борба, милениумскиот крст, Мајка Тереза и други.Во денешно време, градот Скопје ја носи титулата за град со најдобар ноќен живот, што е особено важно за младите. Градот е наречен град на културата, град на модата благодарение на големите светски брендови кои се продаваат исклучиво во Скопје. Исто така градот е исполнет со културни споменици, музеи , кина, театри , дискотеки и др. Град полн со љубов и полн со приказни.

Градот Скопје изобилува со огромен број на паркови, зеленила, игралишта, со еден збор има секакви можности и услови за младите. Во него исто така има голема зоолошка која е единствена со огромен број на животни во Македонија. Тука најмалите може да се забавуваат, да ги хранат животните, да посетат и да видат видови на животни што можеби ги немаат видено никогаш. Исто така градот Скопје може да се пофали со прекрасната на светско ниво туристичка атракција – кањон Матка. Матка во себе крие многу приказни.Во Скопје е изграден најголемиот трговски центар Скопје Сити Мол во кој има околу 150 брендирани продавници.

КОНТАКТ

VOLIM
Мобилен & вибер: +389 76 637 833
Е-поста: info@volim.com.mk
Инстаграм: volim_mk
Фацебоок: VolimMakedonija
АРОМАТИЗИРАНО ОВОШНО БИНО VOLİM 14.4 SHOT

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *